Merve Yıldızalp Özmen
08 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција, соопшти дека во регионот Метина во северен Ирак, со воздушна операција се неутрализирани 3 терористи на ПКК, за кои е утврдено дека се подготвувале за напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операциите ќе продолжат се додека не се неутрализира последниот терорист“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак, преку границата со Турција и планираат напади врз Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.