Fatma Esma Arslan
02 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ДАКАР
Во терористички напад изведен во југозападниот дел на Нигер животот го загубија 15 војници, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во соопштението што го издаде Министерството за одбрана на Нигер се наведува дека на војниците им била поставена заседа на 31 јули на локацијата Тороди во близина на границата со Буркина Фасо.
Во нападот животот го загубиле 15 војници, 7-мина се ранети, а 6 војници се исчезнати.
Во веста се вели дека нигериската Армија започнала воздушна и копнена операција за фаќање на терористите.
Подрачјето Тороди се наоѓа во регионот Тилабери, на границата со државите Мали и Буркина Фасо.
Во два напади изведени изминатата недела во регионот Тилабери, кој често е цел на терористички напади, животите ги загубија 33 цивили.
Регионот Сахел познат како „граница на 3 држави“, Буркина Фасо, Мали и Нигер, последниве години е изложен на нападите на ДАЕШ и групите поврзани со терористичката организација Ал-Каеда.