Büşra Selvi Öğütcen
02 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
КОЛУСА
Четири лица загинаа во пад на хеликоптер во местото Колуса во американската сојузна држава Калифорнија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Федералната управа за воздухопловство (FAA) се наведува дека хеликоптер од типот „Robinson R66“ во 13:15 часот паднал на подрачјето Колуса, северно од Сакраменто.
Животот го загубија 4 лица што се наоѓале во хеликоптерот.
Канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија KXTV соопшти дека на местото на несреќата животот го загубиле 4 лица, без да го објави нивниот идентитет.
Истрагата за несреќата ќе ја водат Федералната управа за воздухопловство (FAA) и Националната агенција за безбедност во сообраќајот.