Gökhan Kavak
30 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
АДИС АБЕБА (АА) – Поради епидемијата на менингитис во Нигерија 269 лица го загубија својот живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за контрола на болести во Нигерија соопшти дека епидемијата на менингитис, која се шири во државата, предизвика смрт на голем број луѓе.
„Во последните неколку недели, од епидемија на менингитис заболени се 1.828 лица во 15-те сојузни држави во Нигерија, додека од нив 269 лица починаа“, се вели во соопштението на овој центар.
Исто така, од граѓаните се бара да одат навремено на контрола во болниците со цел да се спречи ширењето на болеста.
Менингитисот предизвика смрт на 131 лица во 2015 година во земјата, додека во 2016 година починаа 33 лица како резултат на ова заболување.
Епидемијата која почнувајќи од мозот се шири кон целто тело, се пренесува преку водух и предизвикува на разни инвалидности, како и срмт.
Надлежните велат дека со вакцини може да се заштити населението од оваа епидемија.