Adam Abu-bashal
10 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
АБУЏА
Во оружен напад на џамија во нигериската држава Нигер загинаа 9 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот полициски комесар на Нигер, Бала Мондај Курјас, истакна дека вооружени лица на мотоцикли отвориле оган врз луѓето собрани во џамијата на молитва во селото Бааре во областа Машегу во државата.
Курјас истакна дека во нападот животот го загубиле 9 лица, а многумина се повредени.
Наведувајќи дека во регионот се испратени безбедносните сили, Курјас рече дека е започната истрага за инцидентот.
Осумнаесет лица се убиени во напад на вооружени лица врз џамија во регионот Маза-Кука во провинцијата Нигер на 25 октомври.
Во некои држави, поради неодамнешните вооружени напади со мотоцикли, употребата на мотоцикли е забранета.