Emre Aytekin
20 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Нов Зеланд планира да потроши 247 милиони долари во наредните седум години за повторна изградба на базата „Скот“ во Антарктикот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за финансии на Нов Зеланд, Грант Робертсон, до Парламентот го достави нацрт-буџетот за новата финансиска година во кој се вклучени плановите за трошоците во врска со повторната изградба на базата.
Во нацртот се наведува дека ќе бидат потрошени 247 милиони долари за повторната изградба на базата која е изградена во 1957 година и претставува важен центар за меѓународните истражувачки активности на Антарктикот.
Во рамки на проектот ќе бидат срушени 12 дополнителни објекти кои биле изградени во 1980-тите години и ќе бидат изградени три модерни објекти кои ќе бидат поврзани едни со други.
Првиот објект ќе биде користен за научни активности, вториот ќе биде користен за инженерски работи и складирање, додека третиот објект ќе се користи како менза и за сместување.
По завршување на изградбата, објектот ќе има капацитет за сместување 100 гости во исто време.