Diyar Güldoğan
31 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Тим од четиринаесет турски истражувачи утре ќе тргне кон Антарктикот на научна мисија за проучување на влијанието на климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимот доктори, ботаничари, геодетски и геолошки инжинери и океанографи од седум турски универзитети, се планира да остане на најјужниот континент до 15-ти април.
„Манфред Реинк, извршниот секретар на Секретаријатот на Антарктичката повелба го презентираше на тимот последното научно истражување од континентот”, изјави за АА професорот Бајрам Озтурк, шефот на истражувачкиот тим.

Бајрам рече дека ова е прв пат Турција да организира научна експедиција на Анарктикот.
Тимот се соедини заедно во рамките на заедничката конвенција меѓу Националниот центар за истражување на Антарктикот на Украина (NASC), истанбулскиот Технички универзитет (ITU), Поларниот истражувачки центар (PolReC) и Турската Фондација за подморско истражување (TUDAV) .
Антарктикот служи како научно поле уште од 1959 година со потпишувањето на Антарктичката Повелба од која Турција е дел.
Вкупно 31 држава има научни бази на Антарктикот, Турција сè уште не.
Антарктикот е најстудениот континент на Земјата. Најниската температура е забележана во 1983 година и изнесувала -89°C. Преку летото, температурите се покачуваат до -15° или -5°C.