Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ХАМА (АА) - Anadolu Agency успеа да обезбеди неколку снимки на кои очигледно се гледа дека силите на режимот на Асад отваарат оган врз затворениците кои се наоѓаат во затворор опкружен од нивната страна.
Затворениците кои се обидуваат да го кренат својот глас преку локалните активисти рекле дека силите на режимот почнаа да интервенираат синоќа на затворот на Хама кои го држат опкружен со денови.
На снимките обезбедени од АА очигледно се гледа силите на режимот отвориле оган врз затворениците и фрлат солзавец. Како резултат на нтервенциите некои делови од затворот се изгореа, а голем број затвореници се оставени во опасност од давење.
Затворениците меѓународната заедница и Црвениот Крст ги повикаа на интервенција. Давајќи им ги снимките на активистите, тие биле во можност да го покажат токму она што се случува таму.
Режимот на Асад одлучи да казни со бесење 5 осудени во затворот на Хама, затворениците не ги предадоа и организираа востание. Во меѓувреме потоа режимот на Асад го опкружи затворот за кој станува збор и со денови го држи под контрола.
Откако некои стражари беа земени како заложници од страна на затворениците, страните седнаа да разговораат. Затворениците ослободија два мајори, додека режимот вети дека ќе ослободи 200 затвореници и ќе се откаже од извршување бесење. Режимот ослободи 34 затвореници и не остана на својот збор за ослободување на 166 други. Минатата ноќ, додека силите на режимот интервенираа употребија вистински куршуми и солзавец.