Besar Ademi
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
ИДОМЕНИ (AA) – Армијата на Република Македонија и во текот на денешниот ден работи на поставување на жичаната ограда, додека од другата страна од границата од грчка страна, 1500 мигранти чекаат за дозвола за влез на територијата во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата на АА снимаше од грчката страна на границата и констратираше дека состојбата во граничниот премин и во центарот за згрижување на бегалците во Идомени од ден во ден се влошува како резултат на долгото престојување на мигрантите во "ничија земја".
Раководителот на екипата на УНХЦР, во кампот за бегалците во Идомени, Грција, Александар Зваргулис, рече дека ситуацијата со мигрантите на грчката страна е многу лоша бидејќи околу 1500 економски мигранти остануваат на граничниот премин и немаат намера да се вратат, иако македонските власти рекоа дека македонската граница можат да ја поминат само бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан.
Звaргулис информираше дека пред неколку дена бројот на економските мигранти беше поголем но сега кога разбраа дека немаат шанси да го продолжат патот кон Европа, безнадежни се враќаат во Атина. Според него, оваа ситуација имлицира други ризици.
“ Бегалец може да биде било кој во светот. Ако границите се затвораат, тогаш ние ќе имаме други ризици. Ќе имаме луѓе кои во немање надеж ќе се обидат да најдат друг пат, за да продожат понатаму. Во овој случај тие ќе побараат друга опција па дури и илегалното преминување на границата" изјави Зваргулис.
Тој исто така напомена дека пред одлуката на европските земји за економските мигранти на секој 15 до 20 минути, границата ја поминуваа групата од 15 бегалци и ситуацијата беше мирна, додека сега, ситуацијата е нестабилна бидејќи економските мигранти повеќе време престојуваат во лоши услови и како резултат на тоа настануваат разни инциденти помеѓу самите мигранти.
Ендру, мигрант од Северна Африка за АА, ја опиша синоќешната ситуација во која мигрантите фрлаа камења кон полицијата. Тој кажа дека синоќешниот настан, се случи кога едно дете од Мароко беше погодено од електична енергија за кое сеуште немаме информации дали е живо или мртво. Поради ваквата ситуација, мигрантите сакајќи да го изразат нивниот револт поради доцнење на Брза помош почнаа да фрлаат камења на полицијата.
“ Протестот не е опција, бидејќи ако насилно влегуваме од другата страна на границата тоа претставува престап. Единствено што ни преостанува е да се надеваме на подобро, а тоа значи Македонија да ги отвори границите."
Шамураби од Бангладеж, вината ја префрли на групата ирански мигранти кои според него се разочарани од поставувањето на жичената ограда.
“ Се постави оградата но ние не ја губиме надежта, подобро да умреме овде, отколку да се вратиме, бидејќи ако се вратиме таму, секако ќе умреме" , изјави Шамураби.