Emre Aytekin
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АНКАРА (АА) - Новозеландската премиерка Јацинда Ардерн го посети Крајстчерч, во кој вчера беше извршен терористички напад во две џамии, при што загинаа 49 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ардерн се состана со претставниците на муслиманските заедници, а како што наведуваат локалните медиуми, се состана и со семејствата на загинатите во нападите на џамиите „Нур“ и „Линвуд“.
Таа упати сочувство до семејствата на загинатите и ги слушна нивните барања. Се очекува да ги посети и лицата кои се ранети во нападите во џамиите.
Во терористичкиот напад во градот Крајстчерч, во две џамии за време на петочната молитва убиени се најмалку 49 лица, а повеќе од 42 се повредени.
Машко лице кое ја презеде одговорноста за нападот изјави дека е 28-годишен Австралиец и дека имал антимигрантски мотиви за да го изврши.