Mahmut Atanur
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди индонезиската покраина Северно Малуку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,6 степени бил на отворени води, на 114 километри северозападно од подрајчето на Јужна Халмахера, на длабочина од 10 километри.
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија и Пацифичкиот центар за цунами по земјотресот не дадоа аларм за цунами.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот.
Во земјотресот со јачина од 7,5 степени, кој се случи на 28 септември во 2018 година во заливот Палу на индонезискиот остров Сулавеси и во цунамито кое се случи по овој земјотрес, загинаа 4.340 лица.