Ekipa
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Илјадници лица облечени во различни костими, по повод одбележувањето на Ноќта на вештерките (Halloween), прошетаа синоќа по улиците на Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Ноќта на вештерките беше одбележана со парада, во чии рамки можеа да се видат бројни учесници кои носеа многу интересни маски и костими од најпознатите хорор-филмови, додека некои се одлучија за костими на зомбија, вампири и вештерки. Прошетката ја следеа бројни граѓани.
Исто така, можеше да се забележи и дека многумина од младите маскирани лица се возеа во њујоршките метроа.
Ноќта на вештерките (Halloween) се одбележува секоја година на 31 октомври во Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија и Нов Зеланд, а се совпаѓа со католичкиот празник Ден на сите светци.