Ali Altunkaya
06 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
ДОХА (АА) - Облакодерите во Доха, главниот град на Катар, се осветлени со симболи што го раскажуваат месецот Рамазан, известува Анадолу.
Месецот Рамазан со голема радост е пречекан во Доха, каде што се соединуваат традиционалната и модерната архитектура. Доха по повод месецот Рамазан е претворен во вистинско уметничко дело благодарение на специјалните украси.
Декоративни елементи што го одразуваат духот на Рамазан се поставени на голем број улици и плоштади во градот.
Популарните места во градот, како што се Вакаф Сук, Старото пристаниште Доха, Градот на образование (Education City) и булеварот Лусаил, се украсени со светилки на тема Рамазан, нудејќи визуелна забава за посетителите.
На облакодерите, симболот на градот, проектирани се силуети на човек што се моли, месечината и ѕвездата и фразата „Нека е благословен Рамазан“.