Aşkın Kıyağan,Hasan Tosun
25 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
ВИЕНА (АА) – Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) и Агенцијата за индустриски развој при ОН (УНИДО) го обновија договорот за соработка, јавува Anadolu Agency (AA)
Претседателот на ТИКА, Сердар Чам се сретна со генералниот директор на УНИДО, Ли Јонг во канцеларијата на ОН во Виена.
На дипломатската средба, на која беше обновен договорот помеѓу двете агенции од 16. јуни 2008, присуствуваа претставничката на виенската канцеларија на ОН за Труција, Емине Бирнур Фертеклигил и претставникот на УНИДО за Турција, Сулејман Јилмаз.
Според договорот ТИКА и УНИДО ќе спроведуваат заеднички проекти во државите каде имаат соработка во областа на земјоделството, развојот на индустријата, безбедноста на храната, развојот на претпријатијата, енергетската ефикасност, заштита на животната средина, како и проширување на инвестициите во технологијата.
За предлозите за проектите ќе биде заеднички одлучувано од страна на генералниот директор на УНИДО и претседателот на ТИКА. Претседателството на ТИКА, ќе назначи привремен експерт во канцеларијата на УНИДО.
Претседателот на ТИКА, Чам, во изјава за АА, рече дека, со УНИДО направиле проценка на заедничките проекти во помалку развиените држави.
„Го обновивме договорот од 16. Јуни 2008 година со тоа што го проширивме“, рече Чам и додаде: „Беше разговарано за активност во врска со користење на капацитетите на постоечката помош за развој и развивање на една меѓународна платформа за соработка. Во Турција се остваруваат проекти, кои им помагаат особено на малите и средни претпријатија да се развијат и да функционираат на свои нозе. Во овој контекст, го изразивме нашето големо задоволство што овие работи ќе ги правиме заедно со УНИДО. Разговаравме за тековните проекти во соседните држави како Сирија, се надеваме откако ќе заврши војаната таму, Ирак, Јемен, Средна Азија, Балаканот, како и за заедничките цели со УНИДО одсега натаму“, истакна Чам.
- Ќе се отвори гробница за шехид
Чам исто така изјави дека, ТИКА ќе го отвори споменикот за загинатите османлиски војници во битката кај Сентготард пред 350 години во Австрија, во градчето Могерсдорф.
Тој рече дека, гробницата за шехиди (маченици) во Могерсдорф е многу симболична и значајна и додаде: „Во еден погоден момент, во присуство на амбасадорот во Виена, ќе го отвориме овој симболичен споменик.“
Според историчарите во битката кај Сентготард загинале помеѓу 5 – 15 илјади османлиски војници. ТИКА ги заврши активностите минатата година за подигање на споменик за загинатите османлиски војници од 1664 година во битката кај Сентготард, кога под водство на везирот Ќопрулу Фазил Ахмет Паша се бореле против сојузничките сили на Хабсбуршката монархија.
Чам, потсетувајќи дека ТИКА е во контакт со повеќе организации од ист тип во Европа рече дека добиле понуда за средба со добротворни организации во Австрија и дека во наредните денови ќе ги разгледаат заедничките идеи за проекти во третите држави.