Adam Abu-bashal
31 Октомври 2024•Ажурирај: 01 Ноември 2024
АБУЏА (АА) - Животот го загубија 10 лица од уривање на двокатна зграда во државата Ојо во Нигерија, известува Анадолу.
Противпожарна агенција на државната Ојо објави дека во ноќните часови се урнала двокатна зграда во местото Џегеда Олулојо.
Во спасувачките операции пронајдени се телата на 10 лица.
На 7-мина повредени извлечени од под урнатините им е укажана лекарска помош.