Islam Doğru
05 Мај 2024•Ажурирај: 12 Мај 2024
ЊУЈОРК (АА) - Речиси 4 од 10 Американци сметаат дека САД прават премногу во поддршката на Израел во нападите на Појасот Газа, известува Анадолу.
Истражувањето што го спроведе „US News Ipsos“ од 25 до 30 април со 2.260 возрасни лица покажа дека Американците се поделени по прашањето за американската политика кон Израел.
Според ова истражување, 38% од испитаниците изјавиле дека САД прави премногу за да го поддржи Израел, 20% сметаат дека премала е поддршката на САД за Израел, а 40 % велат дека поддршката на Вашингтон е приближно адекватна.
Истражувањето покажа и дека 37% од испитаниците повеќе му веруваат на поранешниот претседател Доналд Трамп во решавањето на ова прашање отколку на актуелниот претседател Џо Бајден, додека 29% повеќе му веруваат на Бајден.