Islam Doğru
24 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) со големо мнозинство на гласови усвои препорака со која се повикува да се стави крај на 61-годишното американско ембарго кон Куба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 29-тото гласање што се одржа во салата на Генералното собрание, 184 од 193 земји членки на ОН гласаа за одлуката за ставање крај на ембаргото на Куба.
Соединетите Американски Држави (САД) и Израел гласаа „не“ за Резолуцијата, додека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Колумбија и Украина не учествуваа во гласањето.
Покрај тоа што резолуциите на Генералното собрание на ОН се гледаат како алатка што ја рефлектира волјата на меѓународната заедница, тие не се обврзувачки.
Американската администрација спроведува економско, трговско и финансиско ембарго кон Куба од 19 октомври 1960 година. Ембаргото е регистрирано како најдолго во модерната историја.