Fatih Erel
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Поради фактот што минатата недела потонал брод во Средоземното Море кој пренесувал 500 бегалци, Обединетите нации се загрижени од можноста тие да се удавени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението дадено од страна на УНХЦР се вели дека на просторот меѓу Либија и Италија потонал голем брод од кој биле спасени 41 лице и од добиените информации од спасените бегалци се претпоставува дека околу 500 лица се удавиле.
Во образложението се наведува дека „од информациите добиени од спасените лица се стравува дека околу 500 бегалци се удавиле и оваа катастрофа во Средоземното Море е најголема трагедија во последните 12 месеци."
Од спасените бегалци од потонатиот брод, со должина од 30 метри, кој минатата недела излегол на своето патување, 23 лица се од Сомалија, 11 од Етиопија и шестмина од Египет како и еден бегалец од Судан.