Emre Aytekin
05 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека сѐ повеќе се употребуваат платени војници во конфликтните зони и дека тие не само што влегуваат во војна и ги експлоатираат природните ресурси, туку и ги хранат прекуграничниот организиран криминал, тероризмот и насилниот екстремизам, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш имаше свое обраќање на сесијата на Советот за безбедност на ОН во врска со ефектите на зголемувањето на присуството на платени војници во африканскиот континент и во конфликтните зони во другите региони низ светот.
Гутереш нагласи дека е зголемена улогата на платените војници во конфликтите низ светот, и дека тоа уште повеќе го отежнува решавањето на овие конфликти. Според него, тоа ги загрозува стабилноста и владеењето на правото, и предизвикува луѓето да бидат протерани од својата татковина.
Групите платени војници во Африканскиот Регион на Сахара во Африка го интензивираат шверцувањето, како и другите илегални активности, и го поттикнуваат конфликтот, со цел да избие граѓанска војна во некои африкански земји.
„Овие (платени војници) не само што влегуваат во војна и ги експлоатираат природните ресурси, туку и ги хранат прекуграничниот организиран криминал, тероризмот и насилниот екстремизам“, додаде тој.
Според Гутереш, платените војници играле улога во насилните настани предизвикани по изборите во 2010 година на Брегот на Слоновата Коска и извршиле безброј активности во Централноафриканската Република кои ги прекршуваат човековите права и меѓународното право.