Mahmoud Barakat
05 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
АБУ ДАБИ (АА) - Папата Франциско денес одржа миса во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), што е првата папска миса во регионот на Заливот, пренесува Anadolu Agency (AA).
На мисата на градскиот стадион „Зајед“ во Абу Даби, според државната новинска агенција WAM, присуствувале илјадници луѓе.
Во неделата папата пристигна во Абу Даби во тридневна посета, прва од ваков вид од страна на челник на католичката црква во Заливот.
Во понеделникот папата потпиша документ за унапредување на братството со Ахмед ел Тајеб, големиот имам на џамијата „Ал Азхар“, дел од Универзитетот „Ал Азхар“ во Египет.
Посетата на папата е по покана на престолонаследникот на Абу Даби, Мухамед бин Зајед и од Католичката црква во ОАЕ.