Ekip
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Групи на Умерената сириска опозиција (УСО) продолжуваат со своите напади врз силите на режимот на Асад, кои во градот Алепо држат под опсада 300.000 лица. Умерената опозиција зазеде село на влезот од Нов Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да ја пробие опсадата на режимот на Асад врз Алепо, Умерената сириска опозиција продолжува со своите акции во источниот дел од градот коишто ги започна во петокот. Опозицијата војува во рамките на „Армијата за ослободување на Алепо“ и ги напаѓа позициите на режимот што го држат под опсада градот.
Силите што се наоѓаат под опсада, во координација со надворешните сили ги напаѓаат стратешките точки на силите на режимот.
Командантот на силите што се придружиле во акциите против опсадата на режимот, за АА изјави дека поради интензивните воздушни напади, од делот што не е опфатен со опсадата морале да се повлечат од улицата „3.000 Апартмани“, која претходно ја освоиле, но истакна дека акциите продолжуваат.
Опозицијата врши интензивни напади со тешко вооружување врз позициите на режимот на северозападот од градот, во населбата Џемијетуз-Зехра.
Од друга страна, опозицијата воспоставила контрола врз селото Минјан, каде што продолжуваат интензивните борби со силите на режимот.
Опозицијата во петокот ја зазеде населбата Дахијетул-Есад, со што се доближи на 2,5 километри од центарот на градот.
Околу 300.000 лица се наоѓаат под опсада во градот Алепо. На 7. Јули, режимот воспостави контрола врз областа којашто преку патот Кастило се поврзува со градот Идлиб на турско-сириската граница. Опозицијата на 6 август успеа да го отвори коридорот, кој режимот повторно го стави под опсада на 4 септември.
Источниот дел од градот е претворен во руина од честите воздушни напади на режимот и на руските сили. Од почетокот на војната, досега, повеќе од 1 милион лица го напуштиле градот, додека десетици илјади лица загинаа во нападите на режимот и неговите поддржувачи.
Силите на режимот сѐ уште не дозволуваат испорака на хуманитарна помош во областа.