Alaattin Doğru
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
ДАКАР
Во камерунското англофонско (англиско говорно подрачје) полуавтономно подрачје Северозапад, Војската спроведе операција против сепаратистите, во која се неутрализирани најмалку 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Војската се вели дека Баталјонот за брзи интервенции, со цел да спроведе операција за неутрализација на сепаратистите, се упатил кон селото Бали.
Во операцијата немало цивилни жртви, а најмалку 17 сепаратисти ги загубиле животите.
Покрај тоа, Баталјонот за брзи интервенции запленил големи количества оружје и муниција кои им припаѓале на сепаратистите.
Од воени извори се дознава дека локалното население ги пријавило сепаратистите бидејќи биле ограбувани од нив.
- Англофонска кризаДо криза дојде кога Владата во училиштата и судовите во англофонското подрачје испрати наставници кои не знаат англиски, по што, во 2016 година започнаа протести.
Сепаратистите на 1 октомври 2017 година објавија дека под водство на Сисику Ајук Табе во градот Кумбо формирале држава под име „Амбазонија“.
Лидерот Табе по кого беше пуштена меѓународна потерница, во јануари беше фатен во Нигерија и предаден на Камерун.
Според последниот извештај на кризната група, во англофонската група животот го загубиле 1850 лица. Од почетокот на кризата, 530.000 лица се раселени во рамките на државата, додека околу 35.000 преминаа во соседна Нигерија, при што десетици илјади лица станаа бегалци.