Sayed Khodaberdi Sadat
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
КАБУЛ (AA) - Најмалку шест лица загинаа во оружениот напад изведен на подрачјето Дех Хосе во авганистанскиот Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на возилото во кое се наоѓале пет жени, вработени во аеродромот во Кандахар, го изведе група на досега неидентификувани лица.
Гласноговорникот на Кабинетот на гувернерот на Кандахар Самим Киплавак во разговор за АА рече дека нападот го извеле две лица, а убиени се пет жени и возач.
Во тек е истрага за овој настан, а сеуште никој не презел одговнорност за нападот.