Dildar Baykan
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
ЊУЈОРК (АА) - Еден полицаец го загуби животот, додека други шест полицајци се ранети во оружен напад кој се случи во американската сојузна држава Јужна Каролина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата за итни состојби во подрачјето на градот Флоренс, Јужна Каролина, соопшти дека оружениот напад се случил во луксузниот кварт „Vintage Place“.
Полицискиот портпарол, Мајк Нун, истакна дека сопственикот на една куќа во која полицијата влегла со налог за претрес, отворил оган врз полицајците.
Нун нагласи дека сопственикот на куќата два часа ги држел како заложници децата кои се наоѓале внатре, додека еден од полицајците погоден од огнено оружје, им подлегнал на повредите.
Останатите шестмина ранети се на лекување, додека напаѓачот е приведен.
„Вестите од Флоренс се тажни. Вистина е храброста која ја покажаа полицајците жртвувајќи го својот живот, исто така вистина е моќта на молитвата. Очекувам од вас да се помолите за брзо оздравување на ранетите полицајци, како и за нивните семејства, и за Флоренс“, напиша гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, во објава на Твитер.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, преку Твитер се огласи околу случајот. Тој напиша дека неговите мисли и молитви се со безбедносните служби во Флоренс, и дека благодарни се за сè што безбедносните служби прават за нив.