Fuat Kabakcı
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Џек Ма, основач и претседател на Управниот одбор на кинескиот гигант на е-трговија, „Alibaba“, бил член на Комунистичката партија на Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Народен дневник“, кој е официјален медиум на Комунистичката партија на Кина, соопшти дека основачот на „Alibaba“, Џек Ма, е член на оваа партија.
Во веста не е наведено колку време тој бил член на горенаведената партија.
Исто така се вели дека Џек Ма бил еден од 100-те лица кои дале придонес во процесот за проширување во странство и за реформи започнат во 1978 година од страна на еден од значајните државници на оваа земја, Дeнг Ксиаопинг.
Компанијата за истражување „Hurun“, со седиште во Шангај, во октомври соопшти дека Џек Ма е најбогатиот човек во Кина со лично богатство од 39 милијарди долари.