Ikrame Imane Kouachi
28 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
АНКАРА (АА) – Според последните информации, најмалку осум цивили, меѓу кои и едно дете, се убиени денес во израелските напади спроведени во „хуманитарната зона“ за раселените Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа, информираа денес медицински извори, известува Анадолу.
Пет лица загинаа кога израелско беспилотно летало истрела два проектила врз група цивили во Ал-Маваси западно од Хан Јунис, рекоа изворите.
Друг израелски извидувачки дрон погодил продавници во населбата Сика во центарот на Хан Јунис, убивајќи притоа најмалку три лица, вклучувајќи и едно дете, соопштија локалните извори.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа убивајќи повеќе од 39.300 Палестинци и ранувајќи над 90.800.
Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.