Amir Latif Arain
20 Август 2026•Ажурирано: 20 Август 2026
Најмалку осум лица загинаа, а три се повредени во пожар што избувна денес во деловен објект во северната кинеска провинција Хебеј, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Пожарот избувнал рано утринава на приземјето на објектот во областа Хаиганг, во градот Ќинхуангдао, објави новинската агенција „Синхуа“, повикувајќи се на локалната власт.
Пожарникарите, полицијата, како и персоналот од службите за управување со вонредни состојби и медицински екипи брзо пристигнале на местото на настанот.
Пожарот бил изгаснат за помалку од еден час.
Повредените биле пренесени во болница, а нивната состојба е стабилна.
Во тек е истрага за причините за пожарот.