Burcu Arik
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили (TSK) и силите на Слободната сириска армија открија мрежа на тунели на терористичката организација ПЈД/ПКК, четири метри под земја на просторот на ослободено село во Африн, северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Забележанa од фоторепортерите на АА, мрежата од тунели очигледно била користена од страна на терористичката група како засолниште против воздушните напади и друг артилериски оган како резултат на антитерористичките операции на Турција.
Тунелите исто така ги поврзуваат таканаречените терористички командни центри со стратешките точки и кули за надзор, истакнаа локални извори кои сакаа да останат анонимни.
На снимките од тунелите и засолништата можат да се видат елетрични инсталации и простории за престој.
Исто така, во засолништата се пронајдени и дневници на терористите напишани на турски и курдски јазик, како и неколку политички документи и слики од Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК.
Африн е главно засолниште на терористите на ПЈД/ПКК во Сирија, кој од јули 2012 година, режимот на Башар ал-Асад им го препушти на терористите без никаков отпор.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.