Fuat Kabakcı
08 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските научници открија фосилни остатоци од диносаурус стари 130 милиони години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави новинската агенција „Синхуа“, кинеските научници во северниот дел на земјата, во подрачјето на провинцијата Хибеј, пронајдоа фосил на коска од колк на диносаурус од пред 130 милиони години.
Според фосилните остатоци кои биле пронајдени во фрагментирана форма, станува збор за диносаурус долг меѓу 7 и 10 метри.
Се претпоставува дека откриените фосилни остатоци е можно да му припаѓаат на нов вид диносаурус.
Од друга страна, локалното раководство издаде дозвола за продолжување на ископувањата во подрачјето. Се претпоставува дека истражувањето би можело да трае 2 години.