Ekipa
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
КВЕТА (АА) - Бројот на загинати во експлозиите на метан во два рудника за јаглен во Пакистан се зголеми на 23, соопштија официјалните претставници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инспекторот на рудниците Ифтикар Ахмет, изјави дека во рудникот биле пронајдени уште пет тела. Седум лица загинаа во уште една експлозија вчера, во која беа повредени две лица.
Ахмет истакна дека спасувачките акции се завршени.
Рудниците се лоцирани во близина на градот Квета, југозападен Пакистан, каде што сличните несреќи се чести поради слабите безбедносни мерки.