Muhammet Nazım Taşcı
26 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ИСЛАМАБАД
Во бомбашки напад што терористите го спроведоа во пакистанската провинција Белуџистан, животот го загубија 4 војници, а двајца војници се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, терористите извршиле бомбашки напад врз патролно воено возило во областа Харнаи во Белуџистан.
Во нападот животот го загубија 4 војници, а двајца се повредени.
Се тврди дека одговорноста за нападот ја презела Ослободителната војска на Белуџистан.