Esat Fırat
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинската Влада упати благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со оглед на тоа дека по повод последните израелски напади во Палестина, како претседавач на Организацијата за исламска соработка (ОИС), свика вонреден Самит во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако денес беше одржана редовната неделна седница на Владата на Палестина на чело со премиерот Рами ал-Хамдала, објавено е соопштение во кое, меѓу останатото, се наведува дека палестинскиот народ се заблагодарува на претседателот, Владата и народот на Република Турција, поради свикувањето вонреден состанок на ОИС, со цел да се разговара за критичните случувања во Палестина.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои беа продолжени и во вторникот. Загинаа повеќе од 60 Палестинци, а ранети се најмалку 3.000 лица.