Ahmed Asmar
08 Јануари 2025•Ажурирај: 08 Јануари 2025
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Командант на израелската армија застрела Палестинец кој беше користен како жив штит во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, јавуваат израелските медиуми денес, пренесува Анадолу.
Како што објавија израелските медиуми денес, израелските сили принудиле Палестинец да биде користен како жив штит при претрес на згради во Кан Јунис, по што бил застрелан од воен командант.
Според извештаите, командантот на воената бригада Нахал во еден момент зел пушка и го убил Палестинецот.
Во извештајот се наведува дека командантот не знаел дека на Палестинецот претходно му било дозволено да влезе во зградата каде што е извршен претресот.
Израелската армија го потврди убиството и започна истрага за инцидентот.
Започната е истрага за околностите што довеле до убиството.
Во август минатата година израелскиот дневен весник „Хаарец“ објави дека израелската армија користела Палестинци како жив штит при влегувањето во објектите во Газа.
„Нашите животи се поважни од нивните животи“, изјавија тогаш израелските војници.
Израелската армија со децении ги користи Палестинците како жив штит за време на воените операции на окупираната палестинска територија.