Ali H. M.Abo Rezeg
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
ГАЗА (АА) - Делегациите на Хамас и на ривалското палестинско движење Фатах постигнаа договор според којшто владата на национално единство со седиште во Рамала, на 1. декември ќе ја преземе политичката и административната контрола над Појасот Газа, потврди за АА извор близок до преговорите кои се во тек во Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуваниот извор наведува дека двете страни, кои утринава на преговорите во главниот град на Египет постигнаа договор за национално единство, се сложиле да ѝ дозволат на Владата во Рамала да ја преземе одговорноста за сите гранични премини во Газа, најдоцна до 1 ноември.
Истиот извор наведува дека безбедносните официјални лица од Рамала ќе одржат низа подготвители состаноци во Газа, со колегите од организацијата Хамас, за да дискутираат за начинот на пренос на безбедносната одговорност за блокираната крајбрежна енклава.
Двете страни, исто така, договорија комитетот за локална управа во Газа, кој Хамас минатата недела го предаде на владата во Рамала, да изнајде решение за горливите прашања во тој појас, вклучувајќи ги и платите на државните службеници.
Преговорите во Каиро започнаа во вторникот минатата недела, а целта на преговорите е да се надминат несогласувањата меѓу Хамас, кој е доминантен во Газа, и Фатах, кој има власт на Западниот Брег.
По десет години административна и политичка отцепеност, минатата недела Хамас го распушти локалниот комитет и владата на национално единство ја предаде на власта во Газа, а премиерот на Палестина, Рами Хамдала ја одржа првата седница на владата во Газа по три години.
Тоа беше позитивен вовед во мировните преговори кои се во Каиро.