Qais Omar Darwesh Omar
26 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) - Палестинската група Фатах повика на интензивирање на отпорот против израелската окупација како одговор на израелската воена операција во бегалскиот камп во Џенин, во северниот дел на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Фатах, исто така, повика на генерален штрајк низ палестинските територии, за спротивставување на израелската окупација во сите области.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 9 Палестинци се застрелани од израелските сили во бегалскиот камп во Џенин.
Очевидци за Агенција Анадолија изјавија дека израелските сили извршиле упад во кампот што предизвикало судири со Палестинците.
Денешната воена операција е најголемиот израелски напад врз бегалскиот камп во Џенин од 2002 година.