Ahmed Asmar
01 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Уште еден палестински новинар е убиен од израелската армија во Појасот Газа, соопштија денес локалните власти, јавува Анадолу.
Владината канцеларија за медиуми со седиште во Газа соопшти дека фоторепортерот Билал Раџаб е убиен од израелската армија во Газа.
Во соопштението се бара меѓународната заедница и меѓународните новинарски организации за гонење на Израел пред меѓународните судови за неговите злосторства врз Палестинците и новинарите.
Со смртта на Раџаб, бројот на новинари убиени од Израел во Газа од 7 октомври минатата година се зголеми на 183, објави Канцеларијата за медиуми.
Денес, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека убивањето новинари е „неприфатливо“, повикувајќи на заштита на медиумските работници.
Израел продолжи со разорната офанзива на Газа од октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени над 43.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 101.800 се повредени.
Посредувачките активности предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.
Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна во Газа.