Ömer Aydın
18 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ПАРИЗ (АA) - „Двајца браќа беа уапсени бидејќи се осомничени дека подготвувале терористички напад“, потврди францускиот министер за внатрешни работи, Жерард Коломб, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека во последно време во борбата против тероризмот се интензивираа активностите за следење и прислушување сомнителни лица.
Францускиот министер рече дека се уапсени двајца браќа со египетско потекло, коишто подготвувале терористички напад.
Коломб истакна дека тие биле фатени во Париз, а при претресот на куќата во која престојувале било пронајдено експлозив. Исто така беше потврдено дека за време на претресот биле пронајдени информации за производство на експлозиви.