Yusuf Özcan
19 Јануари 2020•Ажурирај: 19 Јануари 2020
ПАРИЗ (AA) - Членовите на движењето Жолти елеци повторно излегоа на улиците за да демонстрираат против политиката на администрацијата на францускиот претседател Емануел Макрон, а на демонстрациите во Париз приведени се 37 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите, кои првобитно почнаа како израз на незадоволство поради најавените цени на гориво и лошата економска ситуација, а кои подоцна прераснаа во сеопшти протести против администрацијата на Макрон, влегоа во 62 недела.
Демонстрантите кои се собраа во Чамчерет, во Париз, маршираа до железничката станица Лигон. Во таа пригода истакнуваа транспаренти со пораки против Макрон и извикуваа слогани на спротивставување на мерките на францускиот претседател.
Според информациите на Полициската управа во Париз, во текот на демонстрациите во главниот град на земјата приведени се 37 лица. Екипите за укажување медицинска помош соопштија дека се повредени 20 лица.
На снимките објавени на социјалните мрежи, полицаец удира демонстрант кој лежи на земја.
Во Тулус полицијата против демонстрантите користеше солзавец, а протести се одржани и во други градови.
Министерот за внатрешни работи на Франција Кристоф Кастанер смета дека насилството никако не може да биде начин на кој се изразува демократијата.
Протестите на „Жолтите елеци" почнаа на 17 ноември во 2018 година. Од тогаш во текот на полициската интервенција повредени се околу 500 лица, а едно лице смртно страдаше.