Dzihat Aliju
12 Мај 2025•Ажурирај: 13 Мај 2025
ТИРАНА (АА) - Според неофицијалните првични резултати од парламентарните избори одржани вчера во Албанија, Социјалистичката партија (ПС) предводена од актуелниот премиер Еди Рама е во водство, јавува Анадолу.
Според резултатите објавени од Централната изборна комисија на Албанија (KQZ), досега е завршено пребројувањето во 1495 од вкупно 5225 избирачки места.
Според објавените резултати, партијата на премиерот Рама води со 52,87 проценти од гласовите, додека коалицијата предводена од главната опозициска Демократска партија, чиј лидер е поранешниот премиер Сали Бериша, има освоено 34,25 проценти.
Партијата Можност освои 2,63 проценти од гласовите, Социјалдемократската партија 3,72 проценти, Движењето „Заедно“ 1,24 проценти, а Евро-Атлантската коалиција 1,1 проценти.
Исто така, според податоците на Централната изборна комисија, на изборите излегле 42,16 проценти од вкупно 3.713.761 регистрирани гласачи.
Инаку, вчерашните општи избори се 11-ти по ред од падот на комунистичкиот режим во 1991 година.
Од друга страна, Рама ја врши функцијата премиер веќе трет мандат.