Dmitri Chirciu
15 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
МОСКВА (АА) - Најмалку 23 лица се повредени во принудното слетување на патнички авион во поле со пченка во Москва, главниот град на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според руската новинска агенција ТАСС, патничкиот авион од типот „Ербас А321“ полетал од меѓународниот аеродром „Јуковски“ кон градот Симферопол во Крим кој е нелегално анектиран од Русија. Кратко по летот почнал да гори откако удрил во јато од птици и итно слетал во полето со пченка во близина на аеродромот.
Во авионот имало 234 патници и екипаж од 7 лица. Повредени се 23 лица, од кои 9 се деца.
Продолжуваат работите во гаснењето на пожарот и спасувањето на патниците.