Ekip
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон тврди дека во воздушните напади под водство на САД успешно се погодени сите мети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дана Вајт, помошничката на американскиот државен секретар за одбрана за јавни работи, денес рече дека нападите биле лансирани за да се намали способноста на Сирија да користи хемиско оружје во иднина.
„Нападите не претставуваат промена во политиката на САД или обид да се собори сирискиот режим. Но, не можеме да дозволиме такви сериозни прекршувања на Меѓународното право“, рече Вајт.
Таа ја повика Русија да ја почитува својата посветеност за осигурување дека режимот на Башар ал Асад ќе се откаже од хемиското оружје.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.