Kasım İleri
28 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) и коалициските сили против ДЕАШ предводени од САД соопштија дека се неточни информациите за влегувањето на силите на режимот на Асад во Мунбич, јавува Anadolu Agency (AA).
Коалицијата против ДЕАШ, преку својот профил на социјалната мрежа објави: „И покрај неоснованите тврдења за промена на воената моќ во областа Мунбич во Сирија, коалицијата не пронајде никаков доказ за нивна потврда. Ги повикуваме сите страни да покажат почит кон територијалниот интегритет на Мунбич и безбедноста на неговите жители“, се вели во објавата.
Од друга страна, по ова прашање, изјава за АА даде официјално лице од Пентагон, кое сакаше да остане анонимно. Тој во врска со вестите дека во Мунбич влегле силите на режимот на Асад рече: „Не е вистина“.
За тврдењата дека силите поврзани со режимот се насочиле кон Мунбич или дека сакале да влезат во тоа подраче, анонимниот претставник од Пентагон одговори: „Нема да коментирам за маневрите што ги прават други сили“.