Hakan Çopur
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Пентагон, Питер Кук, соопшти дека Кина им го предала на САД подводниот дрон што кинеската морнарица го зароби пред четири дена во Јужнокорејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дронот им е вратен на официјалните лица на американската морнарица во непосредна близина на местото каде што беше запленет. Тој случај не беше во согласност со меѓународното право и професионалните стандарди во односите меѓу поморските сили“, наведе портпаролот на Пентагон, Кук.
Случајот пред четири дена предизвика раст на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, а официјален Пентагон, односно Министерството за одбрана на САД, веднаш побара да биде вратен запленетиот дрон и започна истрага.
Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис пред четири дена соопшти дека кинеската морнарица во Јужнокинеското Море ја запленила американската подморница без екипаж, која собирала „научни информации“ и дека настанот се случил пред очите на екипажот на американската морнарица што работи на истражување во тој регион.