Sinan Doğan
07 Март 2023•Ажурирај: 13 Март 2023
БОГОТА (АА) - Пет војници се удавиле при обид да ја преминат реката Љаве во Перу, додека еден војник се води како исчезнат, пренесува Анадолу.
Според вестите на националните медиуми, 50 војници се обиделе да ја преминат реката во подрачјето на Хули, што се наоѓа во регионот Ел Кољао.
Пет војници, кои изгубиле рамнотежа, паднале во реката и се удавиле, додека еден војник се води како исчезнат.
Во соопштението на Министерството за одбрана на земјата се упатува сочувство до семејствата на загинатите војници.
Во ова соопштение се нагласува дека е започната сеопфатна истрага во врска со случајот.
Се истакнува дека војниците се наоѓале во подрачјето со цел да интервенираат врз демонстрантите кои извесно време одржуваат антивладини протести во земјата.