Barış Seçkin
07 Март 2023•Ажурирај: 13 Март 2023
РИМ (АА) - Лице осомничено за обид за кражба во италијанскиот град Милано со нож повреди 6 лица, пренесува Анадолу.
Според вестите на италијанските медиуми, напаѓач, кој со нож извршил обид за серија кражби во околината на Централната железничка станица во Милано, ранил 6 лица.
Еден од повредените е 68-годишно машко лице кое е во тешка состојба.
Напаѓачот е странец, а бил приведен од страна на безбедносните сили.
Вицепремиерот и министер за транспорт и инфраструктура, Матео Салвини, истакна дека храбрата интервенција на некои граѓани спречила случајот да стана подраматичен.
Во последно време често се случуваат насилни настани во Централната железничка станица во Милано и нејзината околина.