Ekip
26 март 2022•Ажурирај: 29 март 2022
ХЕБРОН (АА) - Во пожар во куќа во градот Хеброн, на Западниот Брег, кој е под израелска окупација, загинаа 5 палестински деца, известуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државната новинска агенција „Вафа“ објави дека настраданите во пожарот во куќа во Тафух се браќа и сестри на возраст од 4 до 14 години.
Родителите се здобиле со сериозни изгореници, а сѐ уште не е позната причината за пожарот.
Палестинските институции сѐ уште официјално не се огласија во врска со овој случај.