Ömer Koparan, Ethem Emre Özcan
10 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
АЛ БАБ (АА) - Пет воени групи кои дејствуваат во рамките на Сириската национална војска (СНВ) во северна Сирија се обединија како Сириски ослободителен фронт, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата одржана во центарот на градот Ал Баб, петте дивизии објавија дека се споиле и дека ќе дејствуваат рамо до рамо со Турските вооружени сили (ТСК) во областите ослободени од тероризмот со воените операции на Турција во регионот.
Сирискиот ослободителен фронт ќе брои околу 20.000 војници и ќе го сочинуваат дивизијата „Хамза“, дивизијата „Мутасим“ и дивизијата „Султан Сулејман Шах“, како и 20. Дивизија и бригадата „Северни соколи“.
Мутасим Абас, генералниот командант на новоформираното воено тело, рече дека пет бригади се споени во една единица и дека тие ќе продолжат со операциите против терористичките ќелии, додавајќи дека фронтот ќе ги исполнува своите должности под чадорот на Сириската национална војска (СНВ).
Сирија е опустошена од граѓанска војна која започна на почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде свирепи мерки против продемократските демонстранти.
Според проценките на ОН, оттогаш стотици илјади луѓе се загинати, а повеќе од 10 милиони се раселени.