Ekipa
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг оствари телефонски разговор со неговиот американски колега Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), за време на состанокот лидерите размениле мислења за тоа како од неодамна зголеменото ривалство меѓу Вашингтон и Пекинг може да се управува по вистинскиот колосек.
Во писмена изјава од кинеската страна се наведува: „Двајцата лидери остварија искрен, длабок и сеопфатен стратешки разговор и направија проценки за билатералните односи и прашања од заеднички интерес.“
За време на состанокот, Си, истакнувајќи дека САД и Кина треба да покажат политичка и стратешка храброст за американско-кинеските односи повторно да ги стават на вистинскиот пат кон стабилен развој, рече: „Светот ќе има корист од соработката меѓу Кина и САД, но ќе страда од нивната конфронтација.“
Од друга страна, во соопштението од Белата куќа се наведува дека Бајден му дал порака на неговиот соговорник дека „разговорите се дел од напорите на Соединетите Американски Држави за ривалството меѓу двете страни да се спроведува одговорно“.
Претседателот Бајден подвлече дека САД имаат интерес да го одржат мирот, стабилноста и просперитетот во Индопацифичкиот Регион и во светот. Двајцата лидери разговараа за одговорноста на страните да осигурат дека ривалството на земјите нема да навлезе кон патот на конфликти“, се нагласува во соопштението од Белата куќа.