Fatma Esma Arslan
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Кампањата на клеветење на операцијата Маслинова гранка на социјалните мрежи е продолжена со објавување на нови содржини за кои е утврдено дека немаат поврзаност со покренатата операција на Вооружените сили на Турција (ТСК) во Африн, на северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи се појави фотографија со наслов „Спасете ги децата на Африн“, за која е утврдено дека фотографијата е направена во една од болниците во Сирија, и е користена за текст објавен на 18 декември 2015 година.

Исто така, за фотографијата со која се настојуваше да се каже дека во Африн се убиваат деца, утврдено е дека фотографијата е на палестинските деца од Газа, а објавена е во ноември 2010 година.

Профилите на социјалните мрежи блиски на терористичката организација се обидоа дури и нападите кои ги извршија терористите на ПЈД/ПКК да ги прикажат како напади врз цивилите во Африн. Терористите на ПЈД/ПКК на 19 јануари извршија напади на две болници во Азаз, недалку од границата со Турција, а визуелниот материјал на тој напад го прикажаа како напад на ТСК врз цивилите во Африн.

На социјалните мрежи претходно се појави фотографиај под наслов „ЈПГ ги собори турските авиони во Африн“, но утврдено е дека на фотографијата е акробациски авион кој паднал на 16 март 2015 година во Малезија.
Исто така за фотографијата која е објавена под наслов „Напад со тенк на турските сили“, утврдено е дека се работи за запален тенк во Либија, чија фотографија е забележена на 29 март 2011 година.
Терористичката организација ПЈД/ПКК во својата кампања на клеветење на операцијата Маслинова гранка, ја злоупотреби и фотографијата која во 2016 година наградена во рамките на натпреварот на AA Istanbul Photo Awards објавувајќи дека е направена во Африн.