Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
29 Ноември 2023•Ажурирај: 30 Ноември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелската армија се повлече од Џенин на окупираниот Западен Брег, каде што изврши рации, јавува Анадолу.
Израелските сили во текот на ноќта започнаа рација врз центарот на градот и бегалскиот камп Џенин, уништувајќи ги патиштата со булдожери, уривајќи некои од продавниците и кревајќи во воздух куќи, а градот го напуштија приближно по 18 часа.
Наведено е дека израелската армија синоќа ги опколила бегалскиот камп Џенин и три болници и се судрила со Палестинците.
Палестинската државна телевизија наведе дека повеќе од сто израелски воени возила и седум булдожери влегле во бегалскиот камп во Џенин, а армијата ги опколила државната болница во Џенин, болницата Ибн Сина и болницата Ал-Рази.
Градоначалникот на Џенин, Нидал ал-Убејди, изјави дека израелската армија ги прогласила градот и бегалскиот камп за „затворена воена зона“.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили во Џенин убиле две палестински деца со вистински куршуми.